Green Energy Day 2021

CLEAN ENERGY TRANSITION

18 Декември 2021 г.

ЗЕЛЕНО СЕРТИФИЦИРАЊЕ
видео презентација >>> https://youtu.be/hI6rXCCISvE

„European Green Deal„ воспостави критериуми за поддршка на проекти за постигнување на нула зелени емисии до 2050 година, а преку IPA III и други фондови за ко-финансирање на проекти за воведување на Енергетски Менаџмент Системи (EnMS) во големите компании и поддршка на малите и средни претпријатија за Eco сертифицирање со воведување практики и технологии за управување со енергијата и заштита на животната средина.

Воведувањето на зелената сертификација и други услуги на граѓанското општество и организациите за поддршка на бизнисот кон заедницата и бизнисот преку институционализирани форми ќе придонесат за воспоставување на „зелен договор„ (Green Deal) во вашата деловна организација, мал или голем бизнис, вашата општина, локална заедница или вашата државна институција.

ЦЕЛИ ЗА ЧИСТА ЕНЕРГЕТСКА ТРАНЗИЦИЈА

"Green Energy Day 2021" е годишен настан организиран од Комората за мали бизниси како Форум на дизајнери на проектни концепти, инвеститори и засегнати институции и влада кои имаат заедничка цел да придонесат за промоција на зелената сертификација - оценување на зелени општествено одговорни проекти и деловни практики неопходни за воспоставување зелени јавни набавки (енергетската ефикасност и еколошки критериуми) во општините и регионалните економски развојни проекти како и за зелена економија во малите и средни претпријатија и развој на циркуларната индустрија во Република Северна Македонија.

Една од целите на овој Форум е да им овозможи на претпријатијата и општините пристап до финансии од достапни извори на зелен капитал и да привлече алтернативни зелени инвеститори во зелено сертифицирани компании, организации и проекти. Крајната цел на Форумот е иницијативите и заклучоците да придонесат за воспоставување ефикасна Чиста Енергетска Транзиција на нашето општество.

-----------------------------------------------------------------------------------------------------------

РАБОТИЛНИЦА ЗА ЗЕЛЕНО СЕРТИФИЦИРАЊЕ

За Standard и Premium членки на Комората во рамки на „Green Energy Day 2021„ ќе се организира работилница за воспоставување на Eco-En Cert http://sbch.org.mk/platformi/eco-en-cert

видео презентација >>> https://youtu.be/hI6rXCCISvE

Пријавување во програмата за „зелено сертифицирање„ за нови членки на Комората на линк >>> http://www.sbch.org.mk/sites/default/files/pristapnica_1.doc

------------------------------------------------------------------------------------------------------------

ПРИЈАВУВАЊЕ УЧЕСТВО

Повикани за учество на „Green Energy Day 2021„ се заинтересирани приватни компании, финансиски организации, јавни институции, локалната самоуправа и останати организации и засегнати страни инволвирани во подготовка и реализација на зелени комерцијални и проекти за одржлив развој.

Котизацијата за учество е воедно и годишна чланарина во Комората на Мал Бизнис -Standard членство која изнесува 6.180,00 ден.

-----------------------------------------------------------------------------------------------------------

ОРГАНИЗАТОРИ

Форумот е организиран во рамките на Проектот: „Потрошувачите за одржливост: институционализирање на дијалогот за локална политика и услугите на граѓанското општество за општинските власти и бизнисите“, финансиран од Европската Унија, имплементиран од Асоцијацијата за развојни иницијативи Зенит, Организација на потрошувачи на Република Македонија, Женска граѓанска иницијатива Антико и Стопанска комора за мали бизниси.

-----------------------------------------------------------------------------------------------------------

Ве молиме да го пријавите Вашето присуство со пополнување на пријавата на линкот >>> http://www.sbch.org.mk/sites/default/files/pristapnica_1.doc Информации за пријавување учество и спонзорство на 070 223 686.

КОТИЗАЦИЈА: 6.180,00ден.

  1. Сабота, Декември 18, 2021

    КОМОРА НА МАЛ БИЗНИС - мрежа за деловен успех
    Small Business Chamber - business success networking

    -------------------------------------

    Финансирање и менторска поддршка
    http://www.sbch.org.mk/programi/%D1%84%D0%B8%D0%BD%D0%B0%D0%BD%D1%81%D0%...

    Стопанска комора на мал бизнис

    бул.Јане Сандански 113
    1000 Скопје

    тел. (02) 244 8077, 070 223 686
    info@sbch.org.mk
    www.sbch.org.mk