ON-LINE, Интерни обуки и Менторство - ПРОЛЕТ 2020

1. Лидерски потенцијали и вештини (Team Communication & HR Management)
- ON-LINE менторство, интерни групи од Мај 2020
- STANDARD и PREMIUM членки 20% попуст

Семинарот Лидерски потенцијали и вештини има цел менаџерите и раководителите да ги подготви за примена на лидерски вештини за водење на вашата организација на ново ниво на реализација, мотивација и продуктивност.

2. Интегрирано Бизнис Планирање и Буџетирање (Strategic Thinking & Team Building)
- ON-LINE менторство од 9 Мај 2020
- PREMIUM членки 20% попуст

Семинарот е наменет за стекнување вештини од областа на интегрирано бизнис планирање, управувањето со буџетирањето и контролингот за деловни субјекти, комерцијални и јавни претпријатија и непрофитни организации. Семинаерот е наменет за сите вработени кои работат или ќе работат како менаџери, финансиски раководители и координатори во профитни субјекти и непрофитни организации.

3. Активна Продажба (Team Building & HR Networking)
- Интерни Групи од Мај 2020
- PREMIUM членки 20% попуст

Целта на семинарот е учесниците да ги совладаат методите на вмрежување и примена на односите со јавноста во рамките на промотивните активности на претпријатијата и организациите, учесниците да научат да ги применат комуникациските вештини за остварување на комерцијалните цели и да се користат како алатка за активна продажба.

4. Менаџмент анализа на клучни финансиски извештаи (Finance Management)
- Интерни менторски групи од Мај 2020, Отворена група (доколку има услови) од Јуни 2020
- STANDARD и PREMIUM членки 20% попуст

Сметководствените и финансиските анализи ќе ви помогнат вие и вашиот тим да ги управувате основните финансиски активности и да донесувате подобри, попрофитабилни одлуки.

Повеќе информации на линкот >>>
http://www.sbch.org.mk/povici/%D1%82%D0%B8%D0%BC-%D0%B1%D0%B8%D0%BB%D0%B...