Развој на лидерски потенцијали и вештини

Семинарот кај учесниците ќе придонесе за постигнување компетенции на лидерски вештини и нивна практична примена за зголемување на моралот и продуктивноста во организацијата, како и можностите и границите во чии рамки треба да се управува со човечките ресурси.

Семинарот за претстојна отворена група ќе се реализира од 4 Март 2020 г. со три предавања (среда) од 17.30 - 19.30 часот, во Скопје.

Со завршување на семинарот учесниците ќе научат:

- како да го препознаат лидерот во себе
- како нивните активности да имаат ефект врз моралот на другите луѓе
- како да ги поттикнат и мотивираат вработените
- како да воспостават продуктивно партнерство со вработените
- како да изградат свој автентичен лидерски стил
- како да го адаптираат својот лидерски стил кон различните вработени и ситуации
- како да изградат позитивен дух во тимот
- како да одговорат на позитивен или негативен фидбек
- како да поттикнат креативно размислување и иновации
- како да креираат визија и како да ги остварат своите цели, планови и активности

пријава на линк >>>
http://www.sbch.org.mk/sites/default/files/Prijava-Liderski%20potencijal...

повеќе на линк >>> http://www.sbch.org.mk/content/%D0%BB%D0%B8%D0%B4%D0%B5%D1%80%D1%81%D0%B...