ESCo SUN Соларни Системи

Adria Finance HUB и ЕУРЕМ МК на 28 Февруари 2020 организира работилница - "Соларни системи ESCO-SUN" за пристап до финансии од расположливи извори на капитал, алтернативни инвеститори кои се присутни на пазарот во регионот и активни мерки за финансирање проекти.

ЕУРЕМ МК - енергетски менаџери согласно методологијата на Енергетски Аудит и ЕСКО концептот на финансирање со поддршка на Adria Finance HUB овозможува имплементирање на фотоволтаични хибридни термални системи со најбрз поврат на инвестицијата, најефикасно производство од над 1kW вкупно генерирана енергија од еден соларен панел со стандардни димензии и најголема профитабилност на соларни проекти на пазарот.

Проектите за користењето на соларната енергија за производство на електрична енергија или мерки за заштеда и енергетска ефикасност на системите за греење на вода во деловниот и резиденцијалниот сектор се еден од приоритетите за поддршка од финасиските институции во земјите на Западен Балкан и државните програми за субвенционирање производство на енергија од обновливи извори.

Целта на работилница Соларни системи - ЕСКО СОНЦЕ , која ќе се организира на 28 Февруари 2020 г. е зголемување на капацитетите на претпријатијата кои се занимаваат со производство, продажба, одржување и монтажа на соларни, термални,гео-термални и фотоволтаични системи за подготовката на релевантни технички проекти придружени со соодветна методологија за економска анализа на финансирањето кое е услов за пристап до државни субвенции и соодветните фондови.

Програма и пријава за работилницата на линкот >>>
https://www.sbch.org.mk/content/%D1%81%D0%BE%D0%BB%D0%B0%D1%80%D0%BD%D0%...