ZERO Carbon City проекти

Изработка на Климатски Акционен План што ќе им овозможи на претприемачите и на општините пристап до финансирање од достапните извори на зелен капитал и да привлечат алтернативни зелени инвеститори кои во моментов не се доволно присутни на финансискиот пазар.

Приоритетни проекти согласно барањата на финансиските организации, донатори и ЕУ Декларациите пренесени во Законите за енергетика и енергетска ефикасност при реконструкција на објектите на локалната самоуправа и јавна администрација во „Одржливи Енергетски Објекти„ независни од фосилните горива и надворешно електрично напојување , минимални енергетски загуби и без емисија на CO2 (carbon free). Со реализација на проектите во урбаните општини на РСМ ќе се остварат првите чекори кон реализација на моделот на ZERO Carbon City - урбани средини со оптимални услови за живеење на граѓаните и без негативно влијание на животната средина.

Организаторот - Стопанската Комора на Мал Бизнис на Македонија, Центарот за финансирање и менторска поддршка и Здружението на енергетски менаџери „ЕУРЕМ МК“ Ве повикуваат да присуствувате на претстојната работилница за Проектирање зелени (одржливи енергетски објекти) објекти, SMART oсветлување (надворешно улично и внатрешно) и електрични постројки , која ќе се организира на 25 Јануари 2020 г.

повеќе на линк >>>
https://www.sbch.org.mk/content/zero-carbon-city-%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B...