Семинар за ESCO енергетски услуги, буџетирање, договори и управување со набавка на енергијата , 25 Ноември 2017

Семинар за ESCO енергетски услуги, буџетирање, договори и управување со набавка на енергијата се организира во рамките на Германската EUREM програма www.energymanager.eu , http://mk.eurem.net/ во Скопје во сабота 25 Ноември 2017 г. повеќе на линк http://www.sbch.org.mk/content/%D1%83%D0%BF%D1%80%D0%B0%D0%B2%D1%83%D0%B...

На настанот учествуваа заинтересираните претпријатија кои нудат енергетски услуги и опрема за енергетска ефикасност од една страна и коминтентите од деловниот и јавниот сектор - договори согласно Законите за Јавни набавки, ПЈП, Буџетирање и Финансирање на локалната самоуправа и согласно Оперативна програма за заштеда на енергија во објекти на локалната самоуправа и јавната администрација 2018 (програмата е дадена на линкот http://www.sbch.org.mk/povici/%E2%80%9E%D0%BE%D0%BF%D0%B5%D1%80%D0%B0%D1...)

Агенда на семинарот:

1. Законски основи за енергетика во РМ

Инструктор - М-р Митре Арсовски

2. Директиви на ЕУ - либерализација на енергетски пазар

Инструктор: Д-р Арсе Петрески

3. ESCO концептот и усголасување со домашното законодавство

Инструктор: Г-ѓа Снежана Петковска

4. Финансиско техничка анализа на проекти за енергетска ефикасност со примена на ESCO моделите на финансирање

Инструктор: Г-н Антонио Делов

Стопанска Комора на Мал Бизнис
бул.Јане Сандански 113
1000 Скопје

info@sbch.org.mk
www.sbch.org.mk