Претприемништво и социјален импакт

Бизнисите се движат кон глобализација, но за да бидат конкурентни на другите пазари, ќе треба да обезбедат и ниво на адаптација врз основа на локалните регулативи и искористување на локалната соработка и поддршка на локалните заедници и покажување општествена одговорност.

„Глокализација“ се однесува на производ или услуга што е развиена за да ги задоволи локалните и глобалните потреби на целните клиенти. Вид на бизнис кој е глобално дистрибуиран, но прилагоден да ги задоволи и локалните потреби.

За поддршка на претприемништвото Комората развива мрежи на соработка со граѓанските организации, локалните заедници , организации, фондови и фондации за поддршка на социјален импакт, претприемништвото и развој на претприемачки вештини кај младите, поддршка на финансиската писменост на граѓаните во новата нормалност на дигитализација , поддршка на зелената општествена одговорност и позитивни еколошки практики во заедниците со блиска соработка на компаниите, граѓаните и организациите.

Развиени се програми и мрежи за соработка во неколу облати: зелено социјално претприемништво, smart рурален развој, социјална дигитална трансформација, финансиска специјализација и др.

---------------------------------------------------------------------------------------------------------

ЛИДЕРСТВО ВО ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ

Подготвуваме програми прилагодени на компаниите кои ќе овозможат градење на подобри односи со вработените и функционална организација која ќе овозможува на вработените, семејствата и заедниците да доживуваат позитивна поддршка која ги подобрува нивните животни можности и благосостојба.

Лидерство за продуктивни човечките ресурси

Менаџерите бараат од нивните вработени да исполнат специфични стандарди, но подобрувањето на продуктивноста вклучува работа на вредностите во компанија како што се кредибилитет, интегритет, ефикасност и лидерство.
Лидерските вештини на менаџментот и раководното ниво во компаниите континуирано се надоградуваат и прилагодуваат на актуелните проектни потреби и развојните чекори на компанијата.

Лидерски модели

Како се однесувате со вашите вработени, другите менаџери и лидери, како и вашиот карактер, сето тоа придонесува за успехот на компанијата и го дефинира вашиот стил на лидерство.
Добрите лидери ги проучуваат различните типови на лидерство и ќе направат свесен избор да работат кон одреден модел. Иако ниту еден лидер не е совршен, сите мора да се стремиме да станеме подобри лидери за доброто на нашите организации, себе и луѓето.
Позитивноста, искреноста, комуникацијата, креативноста и пријателството се дел од лидерството. Лидерските модели се фокусирани на наведните карактеристики и други вештини со раличен пристап кај транформативен, харизматилен, етички, бирократкси, демократски, автократски или друг лидерски модел.
Нашите менторски програми ќе ви овозможат трансформација на личниот лидерски капацитет за да практикувате лидерски модел соодветен на вашиот карактер и видот на организацијата во која работите.

програми за поддршка на линк >>>
http://www.sbch.org.mk/novosti/%D0%BC%D0%BE%D1%82%D0%B8%D0%B2%D0%B0%D1%8...

---------------------------------------------------------------------------------------------------------

FINPACT - мрежа на поединци, организации и компании кои применуваат иновативни методи и модели на финансирање во заедницата кои генерираат финансиски принос и мерливо, позитивно социјално или влијание врз животната средина.
finpact promo video: https://youtu.be/-zMKmXHvTV0

Во мрежата се вклучени поединци, организации и компании кои се на различни работни позиции:

* Оперативно ниво - финансиски аналитичар, менаџер, сметководител, благајник, член на проектен тим
* Менаџерско ниво - директор за финансии/трезор/ризик, раководител, раководител на проектен тим
* Финансиски извршен директор / потпретседател / повисоко менаџмент ниво
* Нефинансики извршни директори, директор за информации информатичка технологија, оперативен директор, претседател, претседавач.

промотивни настани на 6 Ноември 2022 г.,4 Декември 2022 г., 15 Јануари 2023 г., 6 Февруари 2023 г, 19 Февруари 2023 г., 28 Февруари 2023 г.
пријавување и повеќе информации на линк >>>
http://sbch.org.mk/novosti/finpact-%D0%B8%D0%BD%D0%B2%D0%B5%D1%81%D1%82%...

Координатори за FINPACT иницијативи на:
- оперативно ниво е Г-ѓа Ирена Крстевска - тренер и ментор за сметководство и административен организациски менаџмент
- менаџерско ниво е Г-н Владимир Матевски - тренер и ментор за финасиски и инвестициски анализи
- извршно ниво е Г-н Вејсел Сарач - тренер и ментор за финансиски менаџмент

FINPACT иницијативите се координираат во соработка со граѓанските организации, локалните заедници , организации, фондови и фондации за поддршка на социјален импакт, претприемништвото и развој на претприемачки вештини кај младите, поддршка на финансиската писменост на граѓаните во новата нормалност на дигитализација , поддршка на зелената општествена одговорност и позитивни еколошки практики во заедниците со блиска соработка на компаниите, граѓаните и организациите.

FINPACT организира обуки и семинари за финансиска писменост и вештини за инвестирање кое генерира финансиски принос и позитивно социјално влијание - компетенции на финансиската едукација согласно Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија на Република Северна Македонија 2021-2025
https://www.nbrm.mk/content/%D0%A1%D1%82%D1%80%D0%B0%D1%82%D0%B5%D0%B3%D...

---------------------------------------------------------------------------------------------------------

Greenity.Net
Green Community Network
http://sbch.org.mk/platformi/greenitynet

DIGITAL GREEN MARKETING
>>> http://www.sbch.org.mk/novosti/digital-green-marketing-greenitynet

---------------------------------------------------------------------------------------------------------

Green Social Entrepreneurship Network
https://green-social-network.webflow.io/

PROMO VIDEO
https://youtu.be/zwh2tIPpI3c

Green Social Entrepreneurship Network / Зелена Мрежа на Социјално Претприемништво е неформална мрежа на партнери на Комората на Мал Бизнис која ги поддржува проектите и имплементацијата на најдобрите практики за одржлив развој на зелената економија и социјалното претприемништво.

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

ESCO-SUN Social enterprise
https://youtu.be/BWbcTsoT2dg

ESCo-SUN - a model for financing energy efficiency projects in the public sector, local self-government and the business sector
https://www.sbch.org.mk/povici/esco-sun-2020

--------------------------------------------------------------------------------------------------------

Smart Digitalization
http://www.sbch.org.mk/platformi/smart-digitalization-cluster

„Паметна„ дигитализација која ќе води кон социјална дигитална трансформација - превземање на протоколите за административните и некреативни работни активности од страна на вештачката интелигенција и користење на машинско учење за креирање социјална дигитална трансформација во која машините ќе учат, развиваат алгоритми и прилагодуваат сопствени протоколи, a согласно човечките социјални и креативни капацитети. Иницијативата се однесува за поддршка на поширока експертска група на чинители (поединци и институции) кои освен техничките аспекти ќе бидат обучени за Проценка на Дигиталната Трансформација во деловниот и јавниот сектор базирана на анализа на податоци за проценка на дигитализацијата - јаки и слаби страни, можности и приоритети. Проценката ќе даде информации поврзани со зрелоста на субјектите за дигитална трансформација согласно практикуваните:

- Управување и лидерство,
- Луѓе и култура,
- Капацитет и способност,
- Иновации,
- Технологија.

-----------------------------------------------------------------------------------------------------

Smart Rural Development

- Smart Villages Business models for rural services
https://enrd.ec.europa.eu/sites/enrd/files/tg_smart-villages_briefing_bu...

- Co-designing and co-planning village services
https://enrd.ec.europa.eu/sites/enrd/files/tg_smart-villages_briefing_se...

- GREEN THE ENERGY 2.0
https://www.sbch.org.mk/sites/default/files/Green%20the%20energy%202.0%2...