Етика во односите со јавноста

Односите со јавноста подразбираат насоченост на организацијата кон јавноста со цел изградба на позитивен став и имиџ на истата. Со примената на активен концепт на односи со јавноста, менаџментот на организацијата настојува да создава позитивна слика за организацијата и да го информира јавното мислење за активностите на организацијата и нејзините производи и услуги. Етиката поставува правила и кодекст на деловно однесување во согласност со општите правила и закони на однесување. Во денешно време значајно е прашањето за делување по етички принципи, со што глобалното и регионално делување се карактеризира со нови значења. Неетичноста во работењето е појава која што е глобално присутна, а по некое мислење и директна причина за глобална рецесија. Следствено, односите со јавноста се првата алка на секоја компанија која што посочува на примена на етичко однесување и поставеност.
Односите со јавноста се планираат како непрекината активност да се воспостават и одржат добри односи и меѓусебно разбирање помеѓу организацијата и нејзината публика: купувачи, вработени, акционери, трговци, добавувачи, влади и општества во целина. Поради голем број на информации, глобалниот општествен концепт се карактеризира со меѓусебно неразбирање, недостаток на сфаќања и спротивности. Причина поради честите кризи и конфликти се наоѓаат во фактите дека недоволно се комуницира на соодветен начин. Еден од бившите претседатели на Американското друштво за односи со јавноста, Патрик Чексон, тврди дека основната функција на односите со јавноста е изградба и подобрување на меѓучовечките односи. Во пракса, изразени се погрешно дефинирани односи со јавноста и примена на одредени концепти, техники и тактики.
Односите со јавноста се сметаат како корпоративна совест што подразбира деловна етика, социјална, морална и општествена одговорност. Првиот етички кодекс е донесен од страна на Американското друштво за односи со јавноста (Public Relations Society of America Code of Ethics - PRSA) во 1954 година, а кодексот редовно се ревидира од 1988 година. Кодексот содржи професионални стандарди за односи со јавноста, кои се однесуваат на однесувањето на членовите, едукација и стандарди за управување со односите со јавноста.
Карактеристика на етичките кодекси е дека не се универзални бидејќи не може да се претпостави дека поединецот, без оглед на ситуацијата и културата, почитува исти етички стандарди. Во пракса, тешко е да се усогласат бројни интереси на јавноста со интереси на организацијата или компанијата. Етичкиот кодекст мора да има значајна улога во комуникацијата бидејќи неетичката комуникација во овој домен не е така воочлива како лажното огласување. Преку користењето на зборовите на одреден начин, способен професионалец може да влијае на односите со јавноста и на промена на однесувањето и очекувањата. Во општеството, маркетинг односот во јавноста е значаен за обликување на мислења, па од овде е важно почитување на етичкиот кодекс како обврска кон општеството.

Неетички е да се копира конкурентскиот бренд и така кај потрошувачите да се создаде заблуда за визуелно слични производи. Постапките на копирање се сметаат за неетички бидејќи целта не е да се живее на сметка на вложување на пазарниот предходник. Неетичноста е видлива и во јавните медиуми во вид на скриена промоција на претпријатието или производот, која што е соодветна на новинарските стандарди.
Особено е важно да се спомене стратешката важност на етичкото управување бидејќи е најслабо сфатен концепт во рамките на менаџментот. Етиката може да се проучува на повеќе начини, во контекст на деловното опкружување и катализаторите на менаџерите да работат на општествено одговорен начин. Деловната етика мора да поседува способност за креирање на вредности во процесот на донесување на одлуки, со цел поставување на етички норми кои ќе имаат позитивен ефект врз работењето. Значењето на етиката во делувањето на компаниите може да се утврди во изјавата на бившиот претседател на IBM, Џон Ф. Акерс кој изјавил дека компаниите не можат да бидат конкурентни ниту на домашен ниту на меѓународен пазар доколку не се етични: да се биде етичен значи да се биде исправен во деловните потези.

Автори