Green Energy Day 2024

Green Skills for company sustainable development

[field_datum]

"Green Energy Day 2024" кој ќе се одржи на 18 Октомври 2024 г. во Скопје е дел од мрежата на промотивни настани #ErasmusDays посветени на прикажување на достигнувањата и придобивките од програмата Еразмус+ која е иницијатива на ЕУ за едукација, тренинг, млади и спорт.

Една од значајните обврски на компаниите и организациите засегнати со новиот European Sustainability Reporting Standard (ESRS) во подготовката на годишните ESG извештаи за одржливост е степенот на зелени вештини на вработените и придонесот на компанијата за зелени општетвено одговорни практики во заедницата - проекти за развој на работните вештини на младите и спортот кои ги поддржуваат Еразмус+ проектите.

ЗЕЛЕНИ ОБУКИ ЗА МЛАДИНЦИ

Комората на настанот ќе промовира можност во почетокот на 2025 година претставници на младинци (18-29 години) од компаниите/заедниците да проследат обуки за унапредување на зелените вештини во градежен сектор во 5 еднонеделни обуки кои ќе се реализираат во Шпанија, Ирска, Бугарија, Шведска и Латвија кај партнерите на Комората во проектот Green MiCred Pathways.

ЗЕЛЕНИ ОБУКИ ЗА МЕНАЏМЕНТ

На настанот ќе се промовираат и 70 on-line обуки за поддршка на развојот на одржливи бизнис системи во компаниите кои Комората на членките на преку Erasmus + проектот Catalyst ќе ги понуди за зголемување на капацитетите на одговорните за воспоставување и управува со одржливи стандарди, проектите за намалување на јаглеродниот отпечаток, инвестиции во зелени, циркуларни и проекти со обновливи извори на енергија, верификација на ESG општедтвено одговорните практики, креаторите на годижни извештаи за одржливост.

ЗЕЛЕНИ ОДРЖЛИВИ ЕНЕРГЕТСКИ ИНВЕСТИЦИИ

На настанот ќе се презентират и примери на проекти за примена на енергетска ефикаснот и обновливи извори на енергија за подобрување на одржливоста во компаниите и модели за инвестирање во одржливи енергетски проекти во заедницата согласно обврските за ESG извештаите за одржливост.

----------------------------------------------------------------------------------------------------------

"Green Energy Day 2024" е годишен настан организиран од Комората за мали бизниси за промовирање на дизајнери на проектни концепти, инвеститори и засегнати институции и влада кои имаат заедничка цел да придонесат за одржлив развој, зелена економија, зелената сертификација - оценување на зелени општествено одговорни проекти и деловни практики неопходни за воспоставување зелени јавни набавки во општините и регионалните економски развојни проекти како и развој на циркуларната индустрија во Македонија.

-----------------------------------------------------------------------------------------------------------

ПРИЈАВУВАЊЕ УЧЕСТВО

Повикани за учество на „Green Energy Day 2024„ се заинтересирани приватни компании, финансиски организации, јавни институции, локалната самоуправа и останати организации и засегнати страни инволвирани во подготовка и реализација на зелени комерцијални и проекти за одржлив развој.

Учеството е ослободено од котизација.

Компаниите членки и спонзори ќе ја презентираат корпоративната понуда на зелени организациски програми за кариерен развој и вработување на човечки ресурси согласно ESG/ESRS извештаите за одржливост.

Бројот на учесници е со физичко присуство и ограничен.

Пријавување со испраќање на пополнета пријава на e-mail: info@sbch.org.mk. Пријавата е дадена на линкот >>> https://www.sbch.org.mk/sites/default/files/Prijava%20-%20Green%20Energy...

Нови членки на Комората ги повикуваме да пополнат пристапница на линк >>> http://www.sbch.org.mk/sites/default/files/pristapnica_1.doc

-----------------------------------------------------------------------------------------------------------

Eco-En CODE
https://eco-encode.com/

A platform for promoting, establishing and certifying green socially responsible projects and sustainable business practices of companies and organizations

-----------------------------------------------------------------------------------------------------------

НАТПРЕВАР НА ИДЕИ
https://youtu.be/RNSH6kGrSDE

Мислењето на јаноста и зелените идеи за соработка помеѓу заедницата и компаниите се катализатори за креирање на ESG програми и буџети во компаниите за поддршка и имплементирање на проекти кои ќе поттикнат и овозможат личен придонес на граѓаните за заштита на животната средина и намалување на влијанието врз климатските промени.

Виралната дебата „НАТПРЕВАР НА ИДЕИ„ е отворена за секој заинтересиран поединец, граѓанска иницијатива или формална граѓанска организација кои може да учествуваат со презентирање на своите предлог идеи преку видео запис или поставување прашање преку е-маил или социјалните медиуми за учесниците на GREEN ENERGY DAY 2024.

ВИДЕО ЗАПИС

Повикуваме сите кои се во можност да подготват видео запис со свои ставови и одговори на следните три прашања:

- Кои лични вештини и организациски капацитетит се потребни за да може компаниите/институциите/организациите да решаваат еколошки проблеми во вашата заедница ?
- Како според вас би изгледало едно одржливо претпријатие/организација ?
- Со кого би склучиле Green Deal за да спречите зголемување на глобалната температура ?

Видео запис , во времетраење од max. 3 min. подгответе го во формат дефиниран со Squiz Sun платформата https://squiz-sun-first-person-ideas-project.webflow.io/ - инструкции за подготовка на видеото на линкот https://youtu.be/BJQopW4HV6o Видео записот преку апликациите за трансфер на големи податочни фајлови испратете ни го на e-mail info@sbch.org.mk

Сите кои ќе испратат видео запис со свои ставови и одговори на дадените прашања се воедно активни учесници на Green Energy Day 2024 дебатата на 18 Октомври 2024 г.

Компилација од видео записите ќе биде споделена на #ErasmusDays социјалните медиуми и https://www.erasmusdays.eu/what-are-erasmus-days/

Петок, Октомври 18, 2024

АГЕНДА

Зелени Вештини за Одржлив Развој на Компанијата

Дел I
ДЕЛОВНА ПОДДРШКА ЗА ЗЕЛЕНА ТРАНЗИЦИЈА
модератор: Г-ѓа Катерина Вељановска Блажевска

* Напреден Одржлив Маркетинг:
Leadership, CSR, and Strategic Impact
- CATALYST CENTRE course: Sustainable Communication - Strengthen Your Relations Though Communication
Erasmus + project CATALYST https://projectcatalyst.eu/
Г-ѓа Катерина Вељановска Блажевска, Стопанска Комора на Мал Бизнис

* ESG, одржливост, известување и ревизија за одржлив развој со ECO-EN™ Certification
Erasmus + project: - Learning with Case Studies
“CATALYST – Leading Sustainable Systems and Business Transformation”
https://projectcatalyst.eu/
Г-н Тони Србиноски – ECO-EN Cert член на Сертификациски Одбор

* Разбирање на зелената економија
- зелени работни места, и развој на зелени работни вештини и општествени вредности - сите елементи кои создаваат зелена економија како основа за одржлив социјален развој на општеството и државата.
- CATALYST CENTRE course: Introduction to Green Economy
Erasmus + project CATALYST https://projectcatalyst.eu/
Г-н Едвард Софески, Стопанска Комора на Мал Бизнис

Дел II
ИНВЕСТИЦИСКИ ПРОЕКТИ ЗА ЗЕЛЕН И ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ
Модератор: Г-н Едвард Софески

* Управување со трошоците за животниот циклус и подготовка на дизајн прилагоден за идните ризици при експлоатација на зградите
Erasmus + project: - Case Studies
“Green Micro Credentials pathways: Upskill and Reskilling Low Skilled Adults for Lifelong Learninghttps” https://green-pathways.eu/
Г-ца Софија Грујевска, Енергетски Менаџер - EUREM Alumni MK

* Подобрување на енергетската ефикасност во станбен објект
- Енергетски аудит и проектирање мерки за подобрување на енергетска ефикасност и сопствено производство на енергија од обновливи извори како основа за намалување на јаглеродниот отпечаток
Г-ца Ксенија Цветковска, Енергетски Менаџер
European Energy Manager training – Intelligence Energy Europe project

* Финансиски бенефит и зголемена конкурентност на компаниите со прикажување на одржливи ESG (Environment, Social, Governance) практики и јаглеродниот отпечаток
- Инвестиционен рејтинг на компанијата во однос на практикуваните одржливи ESG критериуми во компаниите и организациите
- Унапредување на конкурентност и кредибилност на компаниите со новите стандарди за извештаи на одржливост во компаниите според МСФИ и ESRS
Г-н Тони Србиноски, Енергетски Менаџер - EUREM Alumni MK

КОМОРА ЗА БИЗНИС И ПРЕТПРИЕМНИШТВО - мрежа за деловен успех
Business and Entrepreneurship Chamber - business success networking

-------------------------------------

Стопанска комора на мал бизнис

бул.Јане Сандански 113
1000 Скопје

тел. (02) 244 8077, 070 223 686
info@sbch.org.mk
www.sbch.org.mk

[field_organizator]